Повторно „пламна“ коронавирусот во Кина

Од:

Кинеските власти треба да споделат повеќе информации за инфекцијата со коронавирус, бидејќи бројот на заразени во земјата се зголемува, објави Светската здравствена организација.

Многу од строгите ограничувања во земјата се укинати во изминатите неколку недели, а бројот на нови инфекции почна нагло да расте, поради што земјите ширум светот почнаа да воведуваат ограничувања за патниците од Кина.

Како што објави Би-Би-Си, претставниците на СЗО велат дека сакаат да видат повеќе податоци за хоспитализираните лица, лицата во единиците за интензивна нега и за смртните случаи.

Ненадејното зголемување на бројот на луѓе заразени со коронавирус во Кина доведе до тоа многу влади да воведат дополнителни барања што кинеските туристи мора да ги исполнат по пристигнувањето во одредени земји. Само во првите три недели од декември, 248 милиони луѓе од Кина биле заразени.

САД, Шпанија, Франција, Јужна Кореја, Индија, Италија, Јапонија и Тајван воведоа тестови за КОВИД за патници од Кина, бидејќи стравуваат од повторно оживување на вирусот.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија