Утрово продлжува повлекувањето на барикадите кои ги поставија Србите на неколку места на северот на Косово. Најголем дел од барикадите се растурени, а голем дел од блокираните патишта на кои беа поставени пукнтовите се проодни јавува РТС.
Повлекувањето на барикадите почна вчера откако Србите од Косово доца вечерта во средата се сретнаа со претседателот на Србија Александар Вучиќ кој ги повика да се повлечат затоа што преговорите до САД и ЕУ добиле цврсти гаранции дека ќе бидат исполнети нивните барање.
Како дел од преговрите беа ослободени Србите кои беа затворени и поради кои и беа поставени барикадите.