„Вашингтон пост“: Екстремисти се обиделе да се инфилтрираат во американските разузнавачки агенции

Од:

Ал Каеда и други непријателски групи неколку пати се обиделе да се инфилтрираат во американските разузнавачки агенции, поради што службите извршиле проверка на илјада свои вработени, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, Централната разузнавачка агенција (ЦИА) открила дека една петтина од кандидатите за вработување имале „значителни врски со терористи и/или со непријателски разузнавачки служби. Најчесто се спомнуваат врските на кандидатите со Хамас, со Хезболах, со Ал Каеда и нејзините ограноци.

„Вашингтон пост“ се повикува на доверлив документ претходно доставен од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој доби привремен азил во Русија.

Поради стравот од инфилтрирање на непријателски елементи, американската Национална безбедносна агенција (НСА) проверила најмалку 4.000 лица кои имале пристап до доверливи документи.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски