Почина Франко Фратини, поранешниот шеф на италијанската дипломатија

Од:

Претседателот на Економскиот совет на Италија и поранешен министер за надворешни работи, Франко Фратини, почина на 66-годишна возраст, пренесува Corriere della Sera.

Фратини е роден на 14 март 1957 година во Рим, каде што завршил класична гимназија и во 1979 година дипломирал на Правниот факултет.
Од 1983 година е адвокат, две години подоцна станува правен советник на министерот за финансии, а од 1990 до 1991 година правен советник во Владата на демохристијанот Џулио Андреоти.

Тој исто така беше министер за регионални прашања и јавни работи во владата на Ламберт Дини (1994-1996), а во 1996 година влезе во парламентот како кандидат на партијата Форца Италија на Силвио Берлускони.

Оттогаш до 2001 година беше претседател на Комитетот за надзор на тајните служби, а на 45-годишна возраст стана најмладиот министер за надворешни работи во историјата на Италија во втората влада на Берлускони во 2002-2004 година.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски