Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ненадејно отпатува во Пекинг, каде имаше разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на кои тој рече дека дискутирале за војната во Украина.
Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, објави видео на својот канал Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си.
Медведев рече дека тој и Си разговарале за стратешкото партнерство на двете земји „без ограничувања“, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали, пренесува Ројтерс.
„Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија…билатерална соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина“, рече Медведев.
„Разговорите беа корисни“, додаде тој.