Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди брегот на северна Калифорнија.
Мост е оштетен, а 72.000 домови и деловни објекти останаа без струја.
Земјотресот се случил во 2.34 часот по локално време, односно во 10.34 часот по средноевропско време, а епицентарот бил на длабочина од околу 16,1 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.
#Update: Just in – Video footage from inside a house in #ferndaleca, #California, after an strong 6.4 magnitude of an #Earthquake stuck just southwest of #Eureka.
📹: @caroline95536TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/anmxTqRyo9 pic.twitter.com/CWYzD0hErU
— Top Disaster (@Top_Disaster) December 20, 2022
Како што се наведува, земјотресот ја погодил областа на околу 12 километри југозападно од Ферндејл, град во округот Хумболт.
Земјотресот предизвикал бројни истекувања на гас, соборени далноводи и најмалку еден пожар во објект во Ферндале, објавија локалните медиуми.
Две лица се повредени во округот Хумболт, каде што е забележана голема штета на патишта и домови, објави Ројтерс.
„Бидете подготвени за последователни потреси. Проверете дали има оштетувања или протекување на гасните и водоводите. Бидете внимателни ако патувате“, напишаа властите на Твитер.
Локалните медиуми објавија дека патролата на автопатот во Калифорнија реагирала на извештаите за пукнатини на мостот Ферндејл во тој град.
Надлежните служби соопштија дека нема опасност од цунами.
Околу пет земјотреси со јачина меѓу 6,0 и 7,0 степени според Рихтеровата скала се случуваат секоја година во Калифорнија и Невада, објави неодамна Лос Анџелес Тајмс.