Во синоќешните руски напад со дронови врз Киев повредени се најмалку две лица и оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови.
⚡️ The moment of the explosion in the Kyiv region. Video from subscribers.
👉@Flash_news_ua pic.twitter.com/xjRtmqu3HO— FLASH (@Flash_news_ua) December 19, 2022
Началникот на градската воена управа на Киев, Сергиј Попко изјави дека во воздушниот простор на Киев забележани се повеќе од 20 дронови, а околу 15 уништила противвоздушната одбрана.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека во нападот оштетена е критична инфраструктура.
– Како резултат на нападот врз главниот град, оштетени се критични инфраструктурни објекти. Инженерите за енергетика и топлинска енергија работат на брзо стабилизирање на ситуацијата во снабдувањето со енергија и топлинска енергија, напиша Кличко на Телеграм.