Француската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар совладувајќи го Мароко со 2:0, а пред натпреварот беше видена неверојатна ситуација.
Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието. Првата ѕвезда на француската селекција важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, а покрај неверојатната брзина и феноменалната техника, Мбапе има и многу силен шут.
Пред натпреварот меѓу Франција и Мароко, во тоа се увери еден навивач , кој ја почувствува моќта на својот ударот.
Имено, на загревањето Ембапе шутираше кон голот, а во една ситуација топката не заврши во мрежата, туку на трибините. Веднаш зад голот беа навивачите на Франција, а еден од приврзаниците на „галските петли“ ја доби топката право во лице. Тој не се справи најдобро со ударот, а пријателите веднаш притрчаа да му помогнат.
Mbappé went to apologize to a fan after hitting him in the face with a ball during 🇫🇷’s warm-up 🙏💙 pic.twitter.com/orpYOmqJhG
— 433 (@433) December 14, 2022
Сепак, самиот Ембапе забележа што се случи и веднаш ја прескокна рекламата, па истрча на трибината да му помогне на навивачот, што може да се погледне на видеото подолу.
Kylian Mbappe apologising to a fan, after hitting him with a ball in the warmup. 💙🇫🇷 #FIFAWorldCup pic.twitter.com/8mDWkQC14U
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) December 14, 2022
Нема сомнеж дека ова, иако не е пријатно сеќавање, навивачот ќе го памети до крајот на животот.