Мајкрософт соопшти дека заедно со Гугл ќе поведат судска постапка против власта на САД по неуспешните преговори за нивното барање да ги објават информациите кои за нивните корисници ги бара владата преку судски налози, во кои се повикува на Законот за странските безбедносни служби и надзор ( FISA ), пренесува агенцијата Франс прес.
Властите на САД, како што објаснуваат од компаниите, со судски налози кои се темелат на FISA законот, бараат од нив да им обезбедат надзор на корисниците на странски интернет мрежи.
Повикувајќи се на Првиот амандман на Уставот на САД, интернет гигантите се убедени дека имаат право да им кажат на своите корисници какви и кои информации од нив бара американската влада.
– Двете компании шест пати едноподруго ѝ го продолжија рокот на владата за одговор за нивното барање, но „преговорите завршија без успех“ – објави на својот блог главниот правен застапник на Мајкрософт, Бред Смит.