Популарната пеачка Кристина Агилера повторно е неодолива, откако успеала да ги истопи килограмите поради кои медиумите постојано ја критикуваа последните месеци.
Иако славната пејачка зборувала дека е задоволна со своето тело, на снимањето на новиот спот за песната „Let there bi in love“, Кристина им покажала на сите дека вредно работела на тоа своето тело да го доведе во совршена форма.
По раѓањето на синот Макс Кристина водела борба со килограмите, но воедно се држела достоинствено зборувајќи дека се сака себе си и своето тело.
Кога облекла провокативно трико за потребите на снимањето на новиот спот Агилера покажала дека е повторно згодна и секси, каква што ја паметиме од пред неколку години.