Серена Вилијамс продолжува со доминација на УС Опен, откако ја победи и Јарослава Шведова.
Американката постигна победа со 6:3, 6:1 над претставничката на Казахстан и на тој начин се пласираше во осминафиналето на турнирот.
Натпреварувачка успеа да стигне до четири брејка на сервис на нејзината противничка, а освен тоа не допушти ниту еднаш да биде загрозен нејзиниот.
Во следната фаза на турнирот Серена ќе се сретне со својата млада сонародничка Слоан Стивенс.