Македонските тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул денеска настапија во четвртфиналето на фјучрс турнирите.
Јотовски во три сета со 2:1 (7:6; 4:6 и 7:6 по сетови) го совлада вториот носител Дино Марцан од Хрватска и се избори за своето второ полуфинале во кариерата. Утре противник на турнирот на Златибор ќе му биде третиот носител Пеџа Крстин од Србија.
Димитар Грабул беше запрен на патот до полуфиналето на турнирот во Дам, Белгија од Британецот Ешли Хјуит. Грабул мечот го загуби со 2:1 во сетови, иако водеше со 1:0. За пласманот во четвртфиналето тој освои три поени.