Министерството за внатрешни работи на Израел соопшти дека две експлозии се случиле на две автобуски постојки на влезот во Ерусалим. Најмалку 14 лица се повредени во експлозиите, од кои двајца потешко, јавуваат израелските медиуми.
Според првичните информации, се претпоставува дека се работи за експлозии на рачно изработени експлозивни направи.
Повредените се префрлени во блиските болници и здравствени установи.
Безбедносните служби трагаат по осомничените.