Во вториот квартал годинава патниот патнички превоз во Македонија го користеле 4.051.000 патници, железничкиот 221.000, градско-приградскиот 18.366.000, а воздухопловниот 277.049 патници.
Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 13,8 проценти, во железничкиот превоз за 22,4 проценти, а е зголемено за 9 проценти во воздухопловниот превоз.