Германската фудбалска федерација (ДФБ) може да се реши да ја тужи ФИФА за забраната на капитенските ленти со поддршка за кампањата „OneLove“ во боите на виножитото на Светското првенство во Катар. Бидејќи капитенските ленти на осумте репрезентации од западна Европа беа видени како провокација и протест за ЛБГТ правата во Катар, каде што хомосексуалноста е забранета со закон, ФИФА објави паралелна кампања со социјални пораки на капитенските ленти, и најави дека ќе им дава жолти картони на капитените, по што репрезентациите се откажаа од кампањата.
Штефен Симон, портпаролот на ДФБ вели дека постоела „спортска уцена“ од страна на ФИФА.
„Директорот на турнирот отиде кај англискиот тим и им се закани со големи спортски казни без одредено да каже какви ќе бидат тие. По ова, другите шест репрезентации взнак на солидарност се откажаа од носењето на капитенската лента. Тоа е многу болно за нас, но остануваме исти луѓе со исти вредности. Бевме во екстремна ситуација, со екстремна уцена и моравме да ја направиме таа одлука“, вели Симон.
ДФБ планира случајот да го однесе до Судот за арбитража во спортот (ЦАС) и ќе бараат итно решение на случајот за капитенот Мануел Ноер да може да ја носи лентата на нивниот втор меч од Мундијалот против Шпанија во недела, бидејќи е тешко да се очекува одлука до среда, кога Германците ја пречекуват Јапонија.
Извор: Топспорт