Имаше возбудувања, но изостанаа голови. Данска и Тунис го одиграа првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар.
Данците важеа за фаворити, но не успеа да го наметнат тоа и на теренот. Можеби и беа подобри во поле, но не се затресе мрежата на Тунис.
Во 71.минута, Андреас Корнелиус ја погоди стативата, претходно и Кристијан Ериксен имаше убава шанса, но Данска остана без постигнат погодок на премиерата на Мундијалот во Катар.
Извор: Топспорт