Рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови ќе се сретне со мајките на војниците во услови на жестоки борби во Украина, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на три неидентификувани извори во претседателската администрација, јави Ројтерс.
Русија го слави Денот на мајката на 27 ноември. Кремљ официјално не објави никаква средба на Путин со мајките на војниците.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да го демантира или потврди состанокот, соопшти Ведомости.