Пинк се врати на сцената во нов секси имиџ

Од:

Пејачката Пинк се врати на сцената во своето досега најженствено издание.

Се добива впечаток дека на оваа откачена пејачка мајчинството добро и „легна“, бидејќи на корицата на новиот албум за прв пат ја гледаме во секси женствено издание, кое во многу нешто се разликува од нејзиниот досега препознатлив имиџ на бунтовно „машкоданесто“ девојче.

За враќањето на музичката сцена, Пинк одлучи на косата да и ја врати розевата боја, со која всушност и ја почна својата кариера, но овој пат во малку посветла варијанта.

Најавувајќи го модниот пресврт во имиџот на симпатичната Пинк, стилистите оваа кокетна пејачка за снимањето на насловницата на албумот ја облекоа во заводливиот стил на педесетите: кратки црни панталони, кратка јакна со пуфкасти ракави, чорапи со халтери и прекрасни црвени потпетици од сатен на опасно висока пета.

Првиот сингл на шестиот албум што го има насловот „The Truth About Love“ (Вистина за љубовта)  се вика „Blow Me (One Last Kiss)“, и на помалку смешен начин зборува за прекин на врска.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски