Како да изберете антивирус програма?

Од:

Кога ќе купите компјутер, уште при првото вклучување потребно е да го изберете најдобриот начин за заштита на апаратот, посебно ако планирате да го поврзете на интернет.

За корисниците кои послабо се снаоѓаат во ова, потребен им е краток водич како да го изберат вистинскиот антивирус.

1. Се почнува од оперативниот систем. Најраспространет е „Виндоуз“, а со самото тоа и најранлив. Сепак, за него постојат најголем број антивируси. Од друга страна компјутерите „Мек“ не се отпорни на вируси, но ги има многу помалку. Друга важна ставка по која треба да се водите е начинот на користење: дали сте постојано на интернет, дали компјутерот го користите за работа или само за игри и филмови… Овие ставки се важни, бидејќи одредени антивируси одземаат премногу ресурси, па можат значително да го забават компјутерот.

2. Антивирус софтверите на некој начин би можеле да се поделат во две категории: бесплатни и оние кои се плаќаат. Доколку се двоумите меѓу неколку антивируси, најдобар начин за одлука е да посетите некои од независните сајтови кои прават редовни тестирања на овие софтвери. Меѓу најпопуларните сајтови се: virusbtn.com, westcoastlabs.com, checkmarkiavtest.com. Пред инсталирањето посетете еден од овие сајтови и погледнете ги оценките на антивирусите.

3. На многумина ова им е единствената карактеристика според која избираат антивирус. Постојат голем број бесплатни кои нудат прифатлива заштита, но секако дека е многу подобро да имате антивирус кој ќе го платите, но за возврат добивате подобра заштита, а на тој начин се избегнуваат непријатните ситуации со компјутерот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска