Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со само еден загубен гем во меч од 2 коло избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот на Златибор.
Тој денеска го победи Љубомир Челебиќ од Црна Гора со 6:1 и 6:0 во сетови. Нашиот тенисер во претходното коло загуби три гема со што ја продолжи добрата игра.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде вториот носител Дино Марцан од Хрватска, кој со 2:0 го победи Ѓорѓе Ѓоковиќ од Србија. Марцан најдобар пласман во сингл имал на 289.то место, а во двојки бил 155.ти.
Утре во четвртфиналето на турнирот во Дам, Белгија ќе игра и Димитар Грабул. Противник ќе му биде петтиот носител Ешли Хјуит од Велика Британија.