Украинските трупи тврдат дека влегле во градот Киселивка, окупиран од Русија, во областа Херсон.
„Кеселивка е наша“, вели еден војник во видеото објавено на социјалните мрежи. „Влегуваме, непријателот штотуку побегна, слава на Украина! додава тој.
На видеата се гледаат војници од 28-та бригада на Украина како позираат пред градските табли. Киселевка е на околу 15 километри северозападно од градот Херсон, покрај главниот пат од Миколаев, кој го држат Украинците.