Поранешниот заменик врховен командант на НАТО, генерал Сер Ричард Ширеф, изјави дека повлекувањето на Русија од Херсон е големо понижување за Владимир Путин и дека моралот на армијата драстично ќе падне, изјави Ширеф за Sky News.
„Тоа значи дека Украинците го обезбедија брегот на Црното Море, што значи голем пораз за руската армија“, додаде тој. Ширеф вели дека ова драматично ќе влијае на моралот на војската. „Го видовме падот на рускиот морал на север во областа Харков во ненадејните напади на Украинците во септември и почетокот на октомври“, рече тој.
„Значи, ова воопшто нема да и помогне на Русија. Поранешниот генерал додаде дека Путин се обидува да „задржи што е можно повеќе од окупирана Украина“ со отворање на можноста за преговори. Сепак, тој посочи дека „Зеленски не треба да се турка во преговори“.