Skype наполни 10 години

Од:

Еден од три меѓународни повици се врши по пат на Скајп, сервис кој денеска слави десет години од своето постоење.

Лансиран во август 2003 година, од страна на пет скандинавски програмери, Скајп во 2005 година беше купен од страна на компанијата eBay.

Тоа не беше единствената промена на сопственост, eBay во 2009 година објави дека продава 65 отсто дел од инвестицискиот фонд.

А потоа, на 10 мај 2011 година, Скајп стана сопственост на Микрософт.

Овој севрис денес има 300 милиони кориници кои дневно вршат околу две милијарди минути онлајн видео повици.

Одделни набљудувачи стравуваат од недостиг на иновации, за Скајп да не стане само уште еден дел од многу поголема компанија, пишува „Фајненшл Тајмс“, како и дека можеби како самостојна компанија би можел да постигне повеќе.

Микрософт не објави какви приходи им носи Скајп, но зголемениот број на корисници не е за потценување (со 200 милиони во моментот на аквизиција, на денешните 300 милиони корисници).

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска