Жителите во неизвесност, Херсон изгледа како да чека ураган: Веќе ги преживеавме сите нивоа на страв, нека дојде ураганот

Од:

Кога Русите влегоа во Херсон во март речиси без отпор, немаа поим дека ќе го напуштат овој град за само осум месеци, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, додека Москва спроведуваше т.н „Референдум“ за припојување на четирите украински провинции кон Русија, вклучувајќи го и Херсон, ситуацијата во овој регион веќе почна да се менува.

На крајот на јули, украинската армија почна прецизно да ги отсекува руските сили на десниот брег на реката Днепар, прекинувајќи ги нивните линии за снабдување на југ и на исток. Со овој потег тие изолираа 20.000 руски војници кои престојуваа во Херсон.

Ситуацијата стана уште попогубна за Русите кога пред околу еден месец во експлозија беше уништен мостот Керч што ја поврзува Русија со Крим. Се уште не е познато кој е одговорен за експлозијата. За ова Русите ги обвинија украинските разузнавачки служби кои според нив употребиле камион-бомба за да го урнат мостот. Ефектот од овој потег беше моментален – најдиректната руска линија за снабдување до Херсон беше уништена.

На крајот на октомври, Украинците кои останаа во градот почнаа да забележуваат промени. „Слободата е во воздухот“, им рекол на новнарите на Би-Би-Си Украинец кој зборувал под името Џејмс.

На сликите од градот се гледа дека продавниците се забарикадирани, градот изгледа како да се подготвува ураган.

„Веќе ги преживеавме сите нивоа на страв, нека дојде тој ураган“, вели соговорникот на Би-Би-Си. Тој објаснува дека кон крајот на октомври ситуација многу се променила, почнало повторно да се зборува украински, се намалува користењето на рублјата, а жителите на градот добиваат ТВ сигнал од блискиот Миколаев.

Најсимболичен момент, сепак, беше доаѓањето на рускиот тим во катедралата Света Катерина за да ги собере коските на принцот Григориј Потемкин, кој ја освои јужна Украина во името на неговата љубов, Катерина Велика. Неколку дена подоцна, руски камиони се паркираа пред Регионалниот музеј на уметноста.

Украинците обвинуваат дека Русите краделе автомобили и трактори низ градот, а празнеле и продавници. На некои видеата можеше да се види дека руските војници дури и преместуваат животни од зоолошката градина во Херсон на Крим.

Се појавија и сателитски снимки кои покажуваат дека се ископани ровови долж левиот брег на реките Днепар, од браната Нова Каховка до Црното Море. Украинските власти се уште се претпазливи поради стравот од руска замка, а ова чувство го делат и жителите на Керсон.

Сепак како и украинските власти така и жителите на Херсон стравуваа дека повлекувањето на Русите може да биде замка. Се шират теории за тоа што би направиле руските сили, дека планираат да ја уништат браната Нова Каховка. Има и гласини дека руските војници се пресоблечени во цивилна облека и се кријат во домовите на жителите. Друго можно сценарио е дека тие едноставно ќе го израмнат градот од левиот брег на реките Днепар. Што и да се случи, ова е клучен момент во војната. Градот, кој беше една од најважните руски цели, може да падне во рацете на Украина пишува Би-Би-Си.

Понатаму во текстот се вели дека со оглед на неодамнешните неуспеси на Москва, ова повлекување има смисла. Но, политички, ова е уште еден катастрофален пораз за Владимир Путин. Сонот за освојување на важното црноморско пристаниште Одеса сега за него е сè понеостварлив, како што е сонот за поврзување на Русија со молдавскиот регион Придњестровје. Позитивно е што ранетиот град Миколаев конечно ќе може малку да здивне.

– Не е во корист на Русија што Крим сега е многу поранлив отколку што беше порано. Големите руски амбиции за украинска територија изгледаат сè помалку веројатни. Прво го загубија Киев, па истокот, а сега го губат и југот. Се ближи крајот на годината, а Русија сè уште контролира голем дел од украинската територија. Меѓутоа, откако претрпе големи загуби во персонал и опрема, Русија не е ни блиску до целта што првично сакаше да ја постигне завршува анализата на британскиот сервис.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ