ВИДЕО: Русите ги симнаа знамињата од зградата на градскиот совет во Херсон, го преместија својот штаб на другата страна на реката

Од:

На социјалните мрежи кружат видеа, чија автентичност не е потврдена, на кои се гледа како Русите ги симнуваат знамињата од зградата на градскиот совет во Херсон.

Дека нешто сериозно се случува во самиот град докажува видеото на еден од руските лидери на Херсон, на кое се чини дека тој бега од градот со автомобил полн со храна и други работи.

Руските сили го преместија својот регионален штаб преку реката Днепар на левиот брег на градот Херсон, соопшти Украинскиот центар за национален отпор при Министерството за одбрана на Украина.

Русите се уште ги држат своите позиции долж својата втора одбранбена линија, според изјавите од двете страни, пренесува „Гардијан“.

Русија ги иселува жителите од окупираниот Херсон во последните неколку недели, тврдејќи дека Украина планира намерно да го поплави регионот на браната на реката Днепар.

„Жителите на Херсон кои останаа во градот се изложени на голема опасност. Нацистите со помош на американското оружје не престануваат да го бомбардираат градот“, изјави Кирил Стремусов.

Неговото видео се појави и на Твитер, во кое ги повикува цивилите да се евакуираат, но и инсистира дека „се е целосно под контрола“.

Сепак, дописникот на Би-Би-Си Френсис Скар со право се прашува зошто неговиот автомобил изгледа преполн со неговите работи бидејќи вели дека се е во ред, дека животот во Херсон продолжува и дека има храна за секого.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ