Руските сили во регионот Херсон во јужна Украина вечерва најавија нови евакуации на цивили, неколку дена откако претходно повеќе од 70 илјади луѓе го напуштија регионот по напредувањето на украинската армија на тој дел од фронтот.
„Одлучив да ја проширам зоната на евакуација за 15 километри од реката Дњепар“, рече Владимир Салдо, гувернерот на Херсон назначен од Москва.
„Мерките за присилна евакуација на преостанатите кои останаа ќе се применуваат од 6 ноември“, се наведува во наредбата издадена од управата на Каховка, градот што ќе биде опфатен со мерките за дополнителна евакуација.
Извор: МИА