Бројот на загинати во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките рапидно се менува.
Властите сега веруваат дека најмалку 146 луѓе загинале, а уште 150 се повредени.
#BREAKING: #SouthKorea's fire department said 81 people have breathing problems after the #stampede at Itaewon in #Seoul, South Korea Saturday night when over 100 thousand revellers crammed into the place for #Halloween celebrations.#SeoulStampede pic.twitter.com/QwyWcYTj43
— Media Warrior (@MediaWarriorY) October 29, 2022
.Се уште не е јасно како се случила трагедијата
Властите соопштија дека ја истражуваат точната причина за трагедијата во Сеул.
Инцидентот се случил околу 22:20 часот по локално време, откако голем број луѓе паднале во тесна уличка за време на прославата на Ноќта на вештерките, изјави за новинската агенција Ројтерс Чои Сунг-беом, шеф на противпожарната станица Јонгсан.
Наводно, во областа имало 100.000 луѓе.