Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ најави нова опција, „заеднички“ фото албуми, што ќе овозможи повеќе луѓе да ставаат фотографии во еден ист албум.
Творецот на албумот може да дозволи пристап на до 50 луѓе кои може да стават до 200 фотографии поединечно.
Корисниците претходно беа во можност единствено да ставаат фотографии во своите албуми и тоа до 1.000 фотографии во албум.
Новите „заеднички“ албуми може да бидат јавни, само за пријатели и само за лица на кои им е дозволен пристап.
Фејсбук новата опција веќе ја дозволи на мал број корисници во Англија, а наскоро се очекува да биде достапна за сите корисници.