Холивудската актерка не крие дека во 2001-та година после 11 заеднички година ја скрши разводот од бившиот сопруг Том Круз (50). Но, 12 години подоцна, Никол Кидман (46) гордо изјавила дека сега е среќна жена. Во интервјуто за австралискиот „The Border Mail“, актерката дала до знаење дека сега ужива во својата семејна среќа.
– Среќна сум во смисла дека ги имам своите ќерки и сопругот и многу силен реален живот кој држи баланс наспроти фантазијата од љубовниот живот. Сега се смеам! – изјавила актерката која од 2006. година е во брак со кантри пејачот Кејт Урбан со кого ги има ќерките Сандеј Роз и Фејт.
– Сакам да одам напред се до непријатноста и откритијата, се уште сум многу љубопитна – рекла Кидман.