Последниот Гренд Слем турнир за оваа година започнува денеска. Титулата ја брани Британецот Енди Мареј.
Турнирот ќе биде отворен од 17:00 часот по македонско време со натпревар помеѓу Ањешка Радванска и Силвија Солер-Еспиноза на централниот терен.
На првиот ден на теренот ќе излезат Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ќе се соочат против Рајан Харисон, односно Грег Земља.
Натпреварите на сестрите Серена и Венус Вилијамс исто така ќе бидат дел од првиот ден на Отвореното првенство на САД.