Дебитантот во Мото ГП, младиот Шпанец на Хонда Марк Маркез победи 4-ти пат по ред, вкупно 5-ти пат оваа сезона во Чешка на патеката брно.
Тој со ова си обезбеди место во историјата како најмлад возач кој усшеал да триумфира 4 пати по ред.
Неговиот тимски колега Дани Педроза заврши зад него, а Хорхе Лоренцо кој во деше до 7 кругови пред крајот не издржа до крај и заврши како трет на подиумот, иако стартуваше од 5-то место на самиот старт како од катапулт изби на лидерското место.
Најдобриот на сите времиња Валентино Роси заврши на 4-то место во голема борба со Баутиста, кој на крајот се задоволи со 5-та позиција.