Кинематографијата изобилува со филмски остварувањата кои се полни со голотија, секс, страсни бакнези и милувања, но мал е бројот на овие филмови кои само при нивното споменувње ви предизвикуваат возбуда, го будат можеби подзаспаното либидо и ви ја „размрдуваат“ фантазија, па одвај чекате прилика филмската сцена да ја репродуцирате и во вашата спална.
Ова е листата на филмови кои успеваат во тоа, а ја изработи сајтот ИМДБ:
Тело како доказ
Трилер сниман на почетокот на 90-тите години кој што обилува со секси и еротични сцени. Поп кралицата Мадона е во улога на фатална заводничка обвинета за убиство на човекот со кој имала секс за да ги добие неговите милиони.
Малена
Возбудата расне на помислата на Моника Белучи во „Малена“. Овој филм докажа дека само навестувањето на еротичното е далеку повозбудливо од нагласената еротика и целосната голотија. Неверојатната Белучи во улогата на боженствената убавица по која воздивнува целиот град, додека таа го чека својот сопруг да се врати. Исто така, верно е прикажаната и заљубеноста и опседнатоста на тинејџерот кон возрасната жена, особено чест мотив во литературата и кинематографијата.
Оргинален грев
Се запознаваат преку оглас за договорен брак при што таа лаже дека не е убава, а тој дека не е богат. Набрзо се заљубуваат. Филмот е преплетен со страст, еротика, тензија и копнеж и ги опишува сите тие суптилни односи меѓу луѓето, нивните внатрешни конфликти и демони за кои не се свесни.
Сцените каде Анџелина Џоли и Антонио Бандерас се наоѓаат во када и на кревет се вбројуваат меѓу најубавите љубновни сцени во филмската индустрија.
Дива орхидеја
Овој филм на некој начин направи револуција во филмот. Секси сцените и напнатоста меѓу Џејмс и Клаудија направи за филмот долго, долго да се шепоти и Мики Рукр по кој знае кој пат да ја оправда титулата секс симбол.
Шунка, шунка
Бигас Луна умееше нешто што е приземно, животиност и нагонски да го спакува така да изгледа како чиста уметност. Доколку се љубител на сцени полно со чиста страст и нагон, ова е вистински филм за вас. Инаку, Пенелопе и Хавиер го снимаа на почетокот на своите кариери за по речиси 20 години да станат емотивни партнери и во животот.
Последното танго во Париз
Овој филм ја отслика една од најпознатите женски фантазии: секс со комплетен странец, без зборови, без емоции, секој пат на исто место и во исто време. Само секс.
Диви страсти
Филм од 1997 година кој влезе во аналите поради драматуршкиот заплет и сцени див секс без било какви воздржувања.
Една од најпознатите се секако онаа кога Нив Кемпбел и Дениз Ричардс се бакнуваат во базенот, но сексапилот на филмот секако го дополнуваат Мет Дилон и Кевин Бејкон.
Специјалец
Уште еден филм од 90-тите, со фаталната филмска заводничка Шерон Стоун и непобедилвиот Силвестер Сталоне.
Сталоне по овој филм со години потоа изјавуваше дека Стоун е една од најпривлечните жени во Холивуд.
Девет ипол недели
„Секс во кујна“ или „секс со храна“ не може да ви текне на ништо друго освен на овој филм. Мики Рурк на млади години се’ уште неодолува прекрасен, секси во улога на мистичен заводник, а преубавата Ким Бесинџер. Не можете да останете рамнодушни додека ги гледате сцените кои изобилуваат со еротика, секс игри, тензии и агресивни нагони.
Шоу девојки
Филмот како филм нема некои високи уметнички дострели, но затоа сцените со разуздан секс се впишуваат во антологијата. Еден од најпознатите е „бесниот“ секс меѓу Елизабет Баркли и „студениот“ Калј Меклахлан.
Основен инстикт
Режисерот Пол Верховен ги спои тогашните два секс симболи во Холивуд – Шерон Стоун и Мајкл Даглас. И така дојде до филм кој што од деведесетите години па се’ досега се гледа со широко отворени очи. Сцени кои се паметат децении подоцна – моментот кога Стоун ги прекрстува нозете во краток бес фустан без гаќи одоздола, секс под огледала и секако на софата.
Извор: Нетпрес