Сто уништени тенкови: Украинските сили ја уништија најдобрата руска тенковска армија

Од:

Контраофанзивата на украинската армија околу градот Харкив во североисточна Украина која започна на 6 септември уништи половина од најдобрата тенковска дивизија во најдобрата тенковска армија во руските вооружени сили, пренесува Форбс.

Сто уништени или заробени тенкови за сто фуриозни часа. Толку тенкови на руската четврта гардиска тенковска дивизија, дел од елитната Прва гардиска тенковска армија, најдобрата оклопна формација на руската армија уништија Украинците.

Сега 1-та ГТА се повлекува на север со цел да го зачува она што останало од нејзините дивизии во првата линија. Но, штетата што ја претрпе тенковската армија може да има трајни импликации – и не само за 200-дневната руска сеопфатна војна во Украина.

Првата ГТА „беше една од најпрестижните армии на Русија, наменета за одбрана на Москва и имаше намера да води контранапади во случај на војна со НАТО“, објасни Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

На Русија веројатно ќе и требаат години да ја обнови оваа способност“.

ГТА е во борба од самиот почеток. Кога Русија ја прошири својата војна во Украина на 24 февруари, таа првично имаше за цел да го освои Киев и да ја собори украинската влада. Првата ГТА го предводеше нападот на главниот град – а исто така го предводеше повлекувањето еден месец подоцна откако Украинците ја добија битката за Киев.

 

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ