Се задуши за време на службен пат: Мистериозно почина уште еден соработник на Путин

Од:

Владимир Николаевич Сунгоркин, главен уредник на таблоидот Комсомолскаја Правда, почина на 68-годишна возраст. Според весникот во кој работел, на Сунгоркин ненадејно му се слошило за време на службен пат, почнал да се гуши и набргу потоа починал.

„Тоа се случи апсолутно ненадејно. Немаше индикации дека тоа ќе се случи. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат кон Хабаровск, планиравме да пристигнеме навечер, а потоа да одиме во Москва. Се беше добро. Владимир Николаевич рече: „Ајде, момци, да најдеме некаде да каснеме ,да јадеме“. Сите доброволно ја поддржаа оваа идеја“, изјави заменикот на Сунгоркин, Леонид Захаров, кој беше дел од експедицијата.

Според него, три минути подоцна Сунгоркин почнал да се гуши.

„Го изнесовме на чист воздух, но веќе беше во несвест. Всушност, направивме некој вид… масажа на срцето, ништо не помогна. Докторот кој го направи првиот преглед рече дека сето тоа е бескорисно, се чини дека е мозочен удар. Но, ова е првичен заклучок“, додаде тој.

Според Захаров, телото на Сунгоркин со хеликоптер ќе биде пренесено во Владивосток, а потоа во Москва.

Путин ќе испрати лична порака

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во средата зборуваше за смртта на новинарот.

„Ова е голема загуба. Ова е тажна вест. За жал, Сунгоркин почина. Го познававме многу добро“, изјави Песков за новинарите и додаде дека „Владимир Путин ќе испрати лична порака до пријателите и семејството на Сунгоркин“.

Омилениот таблоид на Путин

„Комсомолскаја правда“, весникот каде што Сунгоркин работеше со години, е познат како „омилениот весник на Путин“. Весникот е основан во 1925 година и бил официјален глас на Централниот комитет на Комсомол, односно на Комунистичката младинска лига.

Сунгоркин, роден на 16 јуни 1954 година во Хабаровск, е главен уредник и генерален директор на весникот од 1997 година. Според агенцијата Интерфакс, во 2014 година, Сунгоркин бил одликуван со Орден за заслуги за татковината IV степен, а во 2018 година ја добил титулата „Почесен новинар на Русија“.

Сунгоркин беше една од руските јавни личности санкционирани од Европската комисија откако Путин ја започна инвазијата на Украина во февруари. Како што беше наведено тогаш, Сунгоркин е „еден од главните актери во манипулацијата со странски информации и активности за мешање или пропагандист кој често зборува за Украина, создавајќи дезинформации и манипулирајќи со фактите“.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја