Малиновски: Војната во Украина започна поради огромната корупција на режимот на Путин

Од:

Конгресменот Том Малиновски, демократ од Њу Џерси синоќа поднесе нацрт-закон за санкционирање на 200 „руски послушници на режимот на Путин“ во рамките на неговиот „акт за корупција“.

Како што соопшти синоќа на Твитер, нацрт-законот поминал во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и се очекува да биде одобрен од долниот и од горниот дом (Сенатот) на американскиот Конгрес.

– Корупцијата и злоупотребата на човекови права се во срцето на војната на Путин против Украина. Двопартискиот нацрт-закон на Том санкционира 200 руски послушници на режимот на Путин, соопшти тој.

На распитот пред Комитетот синоќа, тој покажа видео од жртвите на војната во Украина и од затворени руски опозиционери.

– Многумина од вас го знаат рускиот дисидент Владимир Кара-Мурза, кој настапуваше повеќепати пред овој Комитет. Тој е еден од најхрабрите поединци што некогаш сум ги сретнал, изјави Малиновски, и додаде дека „Путин се обиде двапати да го отруе, но не му успеа, па на неговото последно патување во Русија тој беше задржан“.

Според Малиновски Путин се плаши од храбрите Руси, кои се бореле за демократија и човекови права во својата земја.

Списокот од 200 „клучни послушници на Путин“ е составен од Фондонт за борба со корупцијата на Алескеј Навални, кој исто така веќе над 1,5 година е во затвор.

– Овие 200 лица се важен дел од режимот и причина зошто Путин може да остане на власт и да ја разгорува војната во Украина, додека тие помагаат да се крадат пари од рускиот народ неговиот режим да добива сила, посочи Малиновски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја