Уапсен уште еден Русин за предавство: Давал информации за воени објекти во Украина

Од:

Жител на Владивосток е уапсен поради шпионажа во интерес на воената разузнавачка служба на Украина, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Истиот извор наведува дека уапсениот собирал и пренесувал податоци за воените постројки во Приморскиот крај.

„Во областа Приморје жител на Владивосток, осомничен дека извршил велепредавство во вид на шпионажа во интерес на украинската воена разузнавачка служба“, се наведува во соопштението.

ФСБ тврди дека овој руски државјанин собирал и пренесувал информации за објекти од воена инфраструктура од клучно значење по наредба на украинската воена разузнавачка служба, пренесува „РИА Новости“.

Да потсетиме, вчера имаше апсења и за шпионажа во Русија.

Руските служби уапсија жител на Московската област, директор за квалитет на фабрика за авиони, под сомнение дека и дал тајни воени информации на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство