Рубини предвидува „перфектна бура“ во глобалната економија во 2013 година

Од:

Угледниот американски економист Нуриел Рубини предвидува „перфектна бура“ во глобалната економија и финансиите, во идната 2013 година. Рубини кој е професор на Универзитетот во Њујорк, единствен ја предвиде финансиската криза во светот од пред речиси четири години.

Според неговите проценки, повеќе незадоволувачки фактори ќе се искомбинираат, што ќе доведе до уште една глобална криза што ќе ја поремети целата светска економија и ќе предизвика ескалација на кризата во ЕУ, а посебно во зоната на еврото.

Рубини предупредува дека натамошното зголемување на даноците во САД и се поголемото скратување во буџетската потрошувачка, ризикуваат да ја одведат најголемата светска економија во нова рецесија. Американскиот економист смета дека следната година светот ќе се соочи со „тврдо приземјување“ на економјата на Кина, но ќе биде сведок и на војна со Иран, околу неговата контроверзна нуклеарна програма, пишуваат лондонските медиуми.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница