Веројатно никогаш не сте слушнале за Xiaomi. Меѓутоа, доколку прашате некого во Кина, таа личност сигурно е голем обожавател на оваа компанија.
Xiaomi е многу веројатно моментално една од најинтересните технолошки компании во светот и даден и е прекарот „Кинески Епл“ од страна на голем број експерти од областа на технологијата.
Оваа компанија прекарот го добила поради начинот на кој ги најавува и продава своите производи, а кој е речиси идентичен со пристапот на Епл.
Фирмата моментално вреди 10 милијарди долари и продала повеќе апарати во Кина од Епл во минатиот квартал.
Xiaomi е најпознат по својот премиум Андроид смартфон под името MiPhone, како и по генералниот директор Леи Џун, кои многумина го викаат „Стив Џобс од Кина“.
Она што е интересно е фактот дека компанијата не прави ништо иновативно во врска со своите производи, туку во прашање се стандардните Андроид телефони.