Белгиската полиција запленила рекордно количество таблети екстази вредни 1,3 милијарди евра. Во рамките на меѓународната полициска акција се уапсени 11 лица.
Целта на акцијата во чија подготовка учествуваа три држави, беше разбивање на мрежа илегални лаборатории за производство синтетички дроги.
Според најнови податоци, дрогата екстази го престигна канабисот на листата најпопуларни дроги во ЕУ.
За време на 30 истовремени рации запленети се 1,000 тони течен екстази и 18,5 тони сафрол кој се користи во производството на оваа дрога.