Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.
„Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје… евакуирајте! Најдете начин да стигнете до територијата под (украинска) контрола“, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Дмитро Орлов, прогонетиот градоначалник на Енергодар, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм изјави дека градот е под оган од руските сили и нема струја.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.