6 април Меѓународен ден на спортот

Од:

Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 6 април е прогласен за Меѓународен ден на спортот, а претседателот на оваа институција Вук Јеремиќ оцени дека преку спортот се искажуваат највредните особини кај луѓето, како што се истрајноста, почитување на дисциплината и личниот интегритет и фер-плејот.

На усвојувањето на оваа резолуција присуствуваа и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Жак Рог.
– Спортот има единствена моќ да ги мобилизира, привлече и инспирира луѓето ширум светот. Тој не инспирира да ги надминеме сопствените граници, изјави Јеремиќ.
Покрај тоа што спортот го јакне карактерот на поединецот, Јеремиќ оцени дека тој може да послужи и како моќно средство за оддржлив развој, за кој се залагаат државите членки на светската организација.

Нагласувајќи дека спортот е универзален јазик, претседателот на Генералното собрание додаде дека спортот е моќно средство за постигнување мир и воспоставување примирје.

– Спортот може да ги поврзе луѓето, а етничките, верските и економските поделби „да паднат“ во сенка заедно со предрасудите, стравовите и неразбирањето, истакна поранешниот шеф на српската дипломатија.

Тој изрази длабока почит кон спортистите со инвалидитет, кои според него храбро ги надминуваат телесните недостатоци и ги победуваат негативните стереотипи.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ