Нотингем Форест го урнаа британскиот рекорд

Од:

Нотингем Форест постави рекорд во Обединетото Кралство по бројот на нови играчи донесени во еден преоден рок. Новиот англиски премиерлигаш потпиша 21 фудбалер. Според податоците на „Трансфермаркт“, Данди јунајтед во 2000 година и Ливингстон во 2001 година се засилиле со 19 играчи. Англискиот рекорд го држеше Кристал Палас, кој донесе 17 играчи во летото 2013 година.

Нотингем Форест издвои пари за 15 фудбалери, тројца пристигнаа како слободни играчи, а двајца дојсоа на позајмица.
Најмногу пари „шумарите“ издвоија за Морган Гибс-Вајт. За играчот играчот од средниот ред клубот на Волвс им платија 29,5 милиони евра, потоа следуваат трансферите на Таиво Авонији (Унион Берлин, 20,5 милиони) и Неко Вилијамс (Ливерпул, 20 милиони).

Вкупно, според податоците на „Трансфермаркт“, Нотингем потрошиле 161,95 милиони евра, а заработиле скромни седум милиони евра.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Фројлер во Нотингем Форест