Европската Унија не смее да покаже несогласување во врска со барања на некои членки од Источна Европа да се забранат визи за руски туристи, предупреди високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел.
Тој ги повика членките на ЕУ да се договорат по ова прашање.
– Ќе мораме да постигнеме договор и да донесеме политичка одлука, нагласи Борел пред новинарите, по доаѓањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Прага.
Извор: МИА