Повеќе од 33 милиони луѓе се погодени од обилните врнежи и големите поплави што го зафатија Пакистан.
Од јуни досега поплавите предизвикани од монсунските дождови однесоа повеќе од 900 животи, уништија повеќе од 400 илјади станбени објекти. Поради поплавите 184 илјади луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови.
Министерката за клима Шери Реман изјави дека земјата се соочува со „хуманитарна катастрофа од епски размери“, поради што е побарана дополнителна меѓународна хуманитарна помош.Реман рече дека земјата е зафатена од осмиот монсунски циклус, што е речиси двојно повеќе од вообичаените три до четири врнежливи периоди во сезона.
Извор: МИА