Лидерите на шест опозициски партии во Турција ќе се појават со заеднички кандидат на претседателските избори.Тоа беше наведено во заедничката декларација, која беше објавена по средбата на лидерите одржана синоќа, пренесе БТА.
Опозициските лидери за првпат јавно објавија дека ќе постават заедничка кандидатура за претседателската функција против актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган, кој е единствениот кандидат на Републиканската алијанса.
Во претходните изјави, прашањето за претседателската кандидатура постојано се заобиколуваше, со што се добиваше впечаток дека лидерите не можеа да се договорат за заеднички кандидат.
Извор: МИА