Најмалку 16 загинати во сообраќајка во Турција

Од:

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.

– Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи.

Двајцата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ