Од Украина исплови првиот брод со жито за земја на која и се заканува глад

Од:

Брод натоварен со 23.000 тони украинско жито, наменет за Етиопија, испратен од Обединетите нации, денеска исплови под знамето на Либерија од украинското црноморско пристаниште Јужна, како прва пратка во рамките на програмата за помош за земјите кои се соочуваат со глад.

Локалниот украински функционер Максим Марченко рече дека бродот пловел кон Џибути каде житото ќе биде истоварено и транспортирано во Етиопија како дел од иницијативата на Светската програма за храна, пренесе АП.

На 22 јули, Украина и Русија постигнаа договор со Турција за обновување на воден пат низ Црното Море, со цел да се продолжи испораката на жито од украинските пристаништа и да се реши кризата предизвикана од прекинот на извозот предизвикан од војната во Украина.

Етиопија е една од петте земји за кои ОН сметаат дека се изложени на ризик од глад.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел