Два големи шумски пожари избувнаа денеска во областа Маниса, западна Турција, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.
Пожарите се во областа на градовите Шехзаделер и Саруханли.
Во гаснењето на огнот се вклучени три противпожарни возила, два противпожарни хеликоптери и друга опрема.
Засега пожарите се под контрола. Во моментов се врши разладување во дел од подрачјата зафатени од огнените јазици.
Причината за пожарите не е позната.
Извор: МИА