Истрагата на Советот на Меѓународната цивилна авијација минатата недела утврди дека Владата на Белорусија е виновна за принудното слетување на летот на Рајанер на 23 мај 2021, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во авионот тој ден се наоѓа опозиционерите Роман Проташевич и неговата партнерка.
Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел и еврокомесарката за транспорт, Адина Валеан во денешното соопштение порачаа дека како што оценуваше ЕУ уште од почетокот на истрагата утврдила дека Белорусија извршила нелегален акт кога го принуди авионот на Рајанер на летот ФР4978 принудно да слета на аеродромот во Минск.
– Извештајот потврдува дека пријавата за бомба во авионот на Рајанер на летот ФР4978 беше намерно лажна, дека високи функционери на белоруската Влада се инволвирани и давале инструкции за принудно слетување во Минск и дека овој инцидент ја загрози безбедноста на летот и на патниците, се наведува во реакцијата на Борел и Валеан.
ЕУ порачува дека сега се потврдуваат нејзините сомнежи дека белорускиот режим стои зад овој опасен инцидент со единствена цел да го уапси опозицискиот новинар Проташевич.
По овој инцидент лани во јуни Европската Унија изрече забрана за белоруски авиони над европското небо.
ЕУ ја поздравува истрагата на меѓународната организација за цивилно воздухопловство.
Извор: МИА