ЕУ го поздрави договорот за деблокирање на украинскиот извоз на жито

Од:

Договорот постигнат во Турција помеѓу Москва и Киев за деблокирање на Црното Море за да се дозволи извоз на украинското жито ЕУ го нарече критичен чекор напред, јави дописничката на МИА од Брисел.

Договорот е постигнат и потпишан денеска во Истанбул помеѓу Русија и Украина после месеци тензии и загрозување на прехранбената безбедност на глобално ниво.

Дипломатската служба на ЕУ инсистира дека состојбата е предизвикана исклучиво поради руската инвазија и потенцира дека успехот на договорот постигнат денеска во Истанбул ќе зависи од ефикасна имплементација во дух на доверба на истиот.

ЕУ оценува дека прехранбената криза, што настана со блокада на Црно Море и уништувањето на украинските земјоделски резерви, транспортна инфраструктура и опрема е резултат на руските намерни напади, поради што целиот синџир на снабдување на храна во светот е под закана.

Русија, наведува ЕУ, стави милиони луѓе ширум светот во опасност предизвикувајќи прехранбена нестабилност. Договорот е надеж дека овој тренд ќе се измени.

Европската Унија ја поздрави улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на договорот.

ЕУ ќе продолжи да и помага на Украина да го извезува своето жито на глобалниот пазар најбрзо што може, само во јуни, преку ЕУ, е обезбеден извоз на 2,5 милиони тони од Украина, а до 2024 ЕУ ќе мобилизира 7,7 милијарди евра за оваа цел, во соработка со Обединетите Нации и Г7.

Последниот пакет санкции против Русија на ЕУ исто така предвидува изземање на земјоделските производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување